Браинобраин е една од детските лидерски институции која веќе 10 години успешно ги трансформира животите на повеќе од 1.000.000 деца низ целиот свет. Има 850 успешни франшизни центри во повеќе од 25 држави во светот: Индија, Англија, Америка, Австралија, Македонија, Кувајт, Полска, Тајланд…Brainobrain Europe e Мастер – франшизер во Европа за детската светска академија-Brainobrain која има сертификат, ISO9001:2000

Програмата трае 10-12 степени,
Наменета е за деца од 4-14 години
Еден степен трае 3-4 месеци,
Час - еднаш седмично 120 мин.
Дневно вежбање 15 мин.
Групи од 10-15 деца
Часовите ги одржуваат професионално обучени тренери со искуство

Цел Секое дете да ги реализира и користи сите ментални вештини и способности, интелектуалниот капацитет, емоционалната интелегенција и животните квалитети.

Мисија Децата да се реализираат во лидери и самите да се одговорни за сопствениот живот со голема самосвесност за своите однесувања и активности како идни жители на овој свет.

Визија Едукацијата која ние ја креираме за децата секогаш да се темели врз основа на вистински човекови вредности: љубов, искреност, почит и среќа.

Нашата желба е подобар и поправеден свет во кој сите живеат во љубов, мир и меѓусебно почитување.

Што е Браинобраин? Браинобраин e програма за деца која со посебни методи и техники овозможува да се реализира целиот мозочен капацитет. Користејќи го абакусот (стара калкулирачка машина) со ВАК (визуелно, аудитивно и кинестетичко примање на информација) методата, се обезбедува брзо и ефикасно учење зголемувајќи ја концентрацијата, фокусот, меморијата, визуализацијата, имагинацијата, додека НЛП (неуро лингвистичко програмирање) техниките, ги поттикнуваат и зајакнуваат личните квалитети како: самодоверба, самосвесност, насочено однесување, креативност, самодисциплина…

Физичките и забавните активности на Браинобраин часовите ги зајакнуваат мозочните функции: брзина, фокусираност, визуелни и слушачки способности…

Уникатноста на програмата е и во посебните услови во кои се изведува наставата, а тоа е релаксирачка, забавна и креативна атмосфера каде позитивните емотивни односи се најважни.

Обединувајќи ги овие две методи, абакус тренингот со ВАК методологијата и НЛП техниките,  Браинобраин програмата го подобрува функционирањето на детскиот мозок – ние го будиме “заспаниот” потенцијал кај децата – ја поттикнуваме генијалноста!

Генијалноста е 1% талент и 99% работа и вежба! – Алберт Ајнштајн

БРАИНОБРАИН ПРОГРАМА

Генерални информации Браинобраин програмата се темели на Абакус Ментална Аритметика (ВАК – методи) и НЛП (Неуролингвистичко програмирање) На темел на долгогодишни истражувања на разни институции и заводи кои се занимаваат со истражување на човековиот мозок, утврдуваат дека детскиот мозок највеќе се развива и формира во периодот од 4-14 година од животот. Во тој период детскиот мозок најлесно впива и обработува информации, токму затоа е важно менталната гимнастика да се применува што порано и почесто.

Резултат? Зголемен потенцијал на мозокот!

Абакус метода Денес, информацијата  за абакусот, како универзален ментален инструмент, е прифатена насекаде во светот – со помош на абакус за кратко време (3 месеци) се доаѓа до брзи и видливи промени во однесувањето на детето и неговите ментални способности. Абакусот во нашата програма е основното средство, всушност алатка со која се е постигнува посакуваната цел.

Тоа што го прави абакусот  различен и посебен е неговата структура и начин на работа.

Абакус е со впечатлив изглед, бидејки секоја колона, има своја вредност, децата лесно создаваат ментална слика во нивната глава и брзо и сигурно може да совладаат било која математичка задача која е ставена пред нив.

Завршетоците (врвовите) на човечки прсти се испреплетени со завршетоци на неврони – тие ги испраќаат сигналите кои се восприемаат од сетилата до мозокот, па така независно дали во темница или пак со врзани очи  ние  знаме да распознаеме дали сме допреле камен или четка за заби!

Бидејки абакусот се користи со прстите, тој го стимулира мозокот, особено ако активноста е поврзана со точно одредена задача или се повторува во интервали. Токму затоа математичките операции што децата ги изведуваат на абакусот се  извонреден  ментален тренинг, односно се исто како склекови или чучњеви за мозокот!

Во текот на наставата децата учат да ги визуелизираат топчињата на абакусот (визуелно сетило), синхронизирани со магични зборови (аудитивно сетило), па продолжувајќи со конкретни вежби или движења на точињата на абакусот  (кинестетичко сетило) за да се добие одговор на поставената задача.

Низ овој процес се одвива интензивен тренинг на мозокот што води кон генијални способности кај децата. На повисоко ниво, кога децата се веќе добро свесни за абакусот, се воведува и визуелизацијата.

Визуелизација Децата учат како да го визуелизираат абакусот, така што тој физички не им е повеќе потребен –  децата создаваат ментална слика во нивната глава, и во зависност од степенот кој го посетуваат и упорноста во секојдневните вежби, може да се визуелизираат исовремено до 10 абакуси, што значи дека истовремено може да работат 10 различни математички операции, дали собирање, одземање, делење, множење, децимали, итн.

Развојот на овие вештини (мулти-таскинг) во најраната возраст на детето, во суштина го прави животот полесен и квалитетно го подготвува за најсложените предизвици  во иднина.

Навремено вклучување на детскиот мозок Ние во браинобраин ги развиваме и им овозможуваме на децата да ги развијат следниве способности: брзина и ефикасност, континуирано учење, зголемено подобрување на концентрацијата, меморија, визуелизација, самодоверба, самосвесност, насочено однесување, креативност, брзина на процесирање на информацијата, зголемени визуелни и слушачки способности и самодисциплина. Уникатноста  на програмата е во посебните услови во кои се изведува наставата, а тоа е реалксирачка и креативна атмосфера во која се најважни позитивните емоционални односи и каде сите деца се сметаат за мали генијалци!

Цел на Браинобраин програмата Целта на Браинобраин програмата е секое дете во целост да ја разбуди својата генијалност и достигне повеќе животни цели користејќи ги максимално своите ментални капацитети.  Развивајќи го својот мозок, децата стануваат самосвесни и одговорни, го подобруваат квалитетот на својот живот и на тие околу нив. Го зголемуваат својот интелектуален капацитет и емоционална интелигенција и го подобруваат светот околу себе!

Прочитајте повеќе и видете ја програмата на дело на следниот линк: www.brainobrain/zosto-brainobrain-e-vistinsкiot-izbor-za-razvojot-na-vaseto-dete.com.mk

Креативен Престој

Група 1 (08:00-11:00)
Група 2 (11:00-14:00)
Група 3 (12:00-16:00)

Локација

Ul.1511 10А (Kisela Voda)
Kисела Вода, Македонија

Работа на Центарот

Пон - Пет 08:00ч - 20:00ч
Саб 09:00ч - 16:00ч

Телефон и Е-маил

+389 78 887 889
office@bright-kids.com.mk