За нас

Создаваме нешто ново

Едукативниот центар Bright Kids во фокусот на неговото работење ги става децата,нивното едуцирање, воспитување и поттикнување на креативноста и имагинацијата.Со програмата за ран детски развој се опфатени деца од претшколска возраст а крајната цел и резултати кон кои се стремиме се: концентрација и фокус, меморија, визуелизација, брзина и точност,фотографска меморија, математички вештини, креативност, самодоверба, лидерски вештини и одлучност. Во склоп со програмата е предвидено изучување на англискиот јазик преку интерактивни игри. Во нашиот центар преку креативни и едукативни работилници се поттикнува имагинацијата, креативноста, фантазијата, спонтаноста, слободата на изразување, ставајќи акцент на индивидуалноста. Активностите се спроведуваат според возраста на децата.

Активности

Дневен престој за деца пред и после училиште (6-12год.)

Креативен престој за деца (3-6год.)

Браинобраин програма (4-14год.)

Креативни работилници

Атмосфера

Квалитетот е пред се

Имаме за цел згрижување на децата пред и после училиште, завршување на домашните задачи, учење на тековни лекции, совладување на потешкотиите во наставниот материјал, истовремено забавувајќи се со креативни и едукативни работилници, изучување на нови вештини и знаења.

Тимот на Bright Kids

Најдобриот стручен кадар

Нашиот стучен тим е составен од воспитувачи, одделенски наставници, педагог, психолог, социјален работник и дефектолог, кој има неопходна и клучна улога за правилен раст и развој на децата. Едукативниот центар BRIGHT KIDS се наоѓа во Кисела Бода, зад салата „ Расадник “.

Креативен Престој

Група 1 (08:00-11:00)
Група 2 (11:00-14:00)
Група 3 (12:00-16:00)

Локација

Ul.1511 10А (Kisela Voda)
Kисела Вода, Македонија

Работа на Центарот

Пон - Пет 08:00ч - 20:00ч
Саб 09:00ч - 16:00ч

Телефон и Е-маил

+389 78 887 889
office@bright-kids.com.mk